fbpx

Нѐ остави во неверување и длабока тага: Прерано замина, Македонија тагува

Почина Симона Палчевска, позната македонска професорка и авторка.

Тажната вест ја потврдија и од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кадешто предаваше.

„Нејзиното заминување e прерано, ненадејно, неочекувано и не остави во неверување и длабока тага. Загубивме драга колешка, извонреден предавач, но пред сé особено ценета и сакана пријателка која пленеше со позитивност и остави трага на секој од нас. Твоето отсуство нема да остане незабележано. Ќе недостасуваш, но не’ задолжи со толку многу спомени на кои ќе се сеќаваме и ќе ги чуваме вечно. Го изразуваме нашето искрено сочувство до семејството“, напишаа нејзините колеги.

Со голема тага и неверување тажната вест ја примија и од „Просветно дело“ за нивната долгогодишна авторка, соработничка и голема пријателка.

„Почивај во мир драга наша професорке. Сочуството до семејство“, напишаа од „Просветно дело“.

Следни Објави

Почина како во хорор-филм: Пленеше со насмевката, па ѝ се случи нешто морничаво

Пејачката која го отпеа легендарниот хит „Ламбада“ го освои светот со својата енергија, па никој не ни помислуваше дека ќе заврши морничаво Лоалва Браз Вијеира беше бразилска пејачка, вокалистката на групата „Каома“ која стана планетарно позната по хитот „Ламбада“ на кој танцувавме на крајот на осумдесеттите. Почнала сериозно да се […]