fbpx

Шок! Ненадејно почина познатиот актер, семејството вели дека немал здравствени проблеми

Актерот Мајк Бетајех почина на 53-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Според TMZ, Мајк починал во сон на први јуни во својот дом во Мичиген откако доживеал срцев удар.

„На сите ќе ни недостига. Имаше талент да ги насмее и расположи луѓето“, се вели во соопштението на семејството.

Сестрата на актерот, Дијана, изјави дека Мајк претходно немал проблеми со срцето.

Бетајех публиката најмногу го памети по улогата во хит-серијата Breaking Bad каде го играше Денис Марковски, менаџерот на пералната на Густаво.

Покрај тоа, глумеше и во остварувањата „Марко Поло“, „Секогаш е сончево во Филаделфија“, „Џеси“, „Не се плеткај со Зохан“, „ЦСИ: Мајами“, „Засолниште“, „Сите го сакаат Рејмонд“..

Следни Објави

Две сестрички загинаа враќајќи се од роденден: Душата плаче, заминаа кај ангелите

Трагичната вест за смртта на двете сестри Петра и Јелена од Каштела го потресе и Хрвоје Малеш, исто така од Каштела, на пошироката јавност познат како најмладиот претседател на Хајдук во историјата на сплитскиот клуб, инаку од банкарскиот сектор. „Боже, утеши ја и благослови ја нашата Рената и нејзиното семејство […]