fbpx

Ужас! Се појавија први снимки, ученик застрела наставник во Босна (ВИДЕО)

Во основното училиште во Лукавац во Босна и Херцеговина утрово имало пукање во кое едно лице се здобило со повреди во пределот на вратот и во моментов е на операција.

Пациентот со иницијали О.Н. е хоспитализиран во УКЦ Тузла со прострелна рана во пределот на вратот. Според првичните информации има повредени, но не се ученици, потврди Един Делиќ, градоначалник на Лукавац. Тој ги замоли родителите да не шират паника.

„Насилникот е малолетник и веднаш е уапсен. Тежок ден“, изјави тој.

Боснаските медиуми објавија и видео од приведувањето на осомничениот за пукањето во училиштето.

Осомничениот Г.М. (роден 2008 година) поради лошо однесување бил префрлен од едно во друго основно училиште. Ученикот утрово се појавил во училиштето и веднаш го побарал повредениот Н.О. кому му пукал во глава.

Како што дознава порталот „Аваз“, застреланиот е син на Исмет Османовиќ, поранешен висок политички функционер и поранешен пратеник во босанскиот парламент.

Следни Објави

Утре е голем празник! За оваа вода се верува дека е лековита, помолете се на овој светец и сите желби ќе ви се исполнат!

На 15 јуни се празнува Свети Еразмо Охридски кој поради неговата мисионерска дејност и големите заслуги за ширењето на христијанството во нашиве краишта бил насликан заедно со Седмочислениците. Овој светител, од Бога даруван со чудотворна моќ, е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како […]