fbpx

Неочекуван потег! Оваа жена открива нови моменти за Коста: Можеше ли поинаку?

Јавноста е поделена по одлуката на Судскиот совет на Вишиот суд во Белград да ја затвори за јавноста постапката против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето што го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на трети мај минатата година.

Во меѓувреме против нив е поднесена и нова тужба.

Наставничката по историја, Татјана Стевановиќ, која беше тешко ранета во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, поднесе тужба за нематеријална штета против таткото и мајката на момчето-убиец кој го изврши делото, пренесуваат српските портали.

Наставничката, чии лекари се бореа за нејзиниот живот по масакрот, ги тужи родителите на Коста Кецмановиќ, кој во моментот на злосторството имаше 13 години, поради претрпената физичка болка и страв, намалување на животните активности, како и изобличување, како последица од раните што ги добила кобниот ден.

„Тужбата е поднесена против родителите на Коста затоа што тие не одговараат за делото што го сторил, туку одговараат за штетата што ја предизвикало малолетното дете поради лошо воспитување, лош пример или семејни навики кои му ги дале неговите родители. Во прилог на наводите за тужбата на наставничката против родителите, се наведува дека таткото го однел малолетникот на стрелиште и го обучувал да пука, а мајката знаела за тоа“, открива извор на „Курир“.

Наставничката претходно сведочеше дека неа Коста прв ја застрелал.

„Претпоставувам дека бев колатерална штета, да ме тргне од патот за да може да го направи тоа што го имаше на ум. Се сеќавам дека прво ме застрелаа во стомакот. Паднав, па ме облеа неподнослива болка. Добро се сеќавам на тоа, како и на уплашениот поглед на ученикот од другата клупа кој повеќе не е со нас. Го изгубив здивот и си помислив-тоа е тоа. Тоа е крајот“, раскажа таа.

Она што Тања не го памети е како ги добила раните на рацете.

„Да претпоставев дека ситуацијата е сериозна, можеби нешто ќе се случеше поинаку. Сите ми велат дека тоа е невозможно, но јас не можам да се ослободам од тие мисли. Ме мачи одговорот на прашањето: Дали можев поинаку? Дали ќе беше поинаку ако сфатев што се случува или ќе беше полошо?“, изјави таа.

Да потсетиме, веќе се водат две правни постапки против родителите на момчето, како и основното училиште каде се случило злосторството, покренати од семејствата, односно родителите, браќата и сестрите на убиените деца и на обезбедувачот.

Следни Објави

Тажен ден за македонската сцена: Колегите во шок, изгубивме врвен уметник

„Изгубивме врвен уметник, инструменталист“ Симеон Атанасов, едно од 47-те деца кои кралицата на ромската песна Есма Теодосиевска ги одгледа и кој ѝ беше менаџер до крајот на нејзиниот живот, сподели тажна вест на социјалните мрежи. „Изгубивме врвен уметник, инструменталист. Неговата дарба за препознавање на сите музички стилови му беше специјалност. […]