fbpx

(ФОТО) Каков срам! Македонски наставник се сликал гол во училиштето

Скандал ги вознемири родителите

Наставник гол се соблекувал во основното училиште во Лозово, а фотографиите ги постирал на социјалните мрежи, јавува ТВ Стар.

Наставник гол се соблекувал во основното училиште „Методија Митевски Брицо“ во Лозово, а скандалозните фотографии ги постирал на социјалните мрежи, јавија револтирани родители на деца од ова училиште, пренесува локалната телевизија.

Во меѓувреме се огласи наставникот.

„Профилот и телефонот ми се хакирани, а моите слики во јавноста се појавија без моја согласност и било каква лоша намера“, вели професорот по физичко воспитување Сашко Димов, вработен во ООУ Методија Митевски Брицо во Лозово, пренесува ТВ Стар.

Од друга страна, родителите на децата во ова училиште се крајно вознемирени и револтирани. Велат дека по овој скандал се сериозно уплашени за менталниот и физичкиот интегритет на нивните деца кои веќе ги виделе спорните фотографии со наставникот.

Следни Објави

Потресна приказна за Трифун, момчето кое загина од удар на гром

Плачам и пишувам Македонија загуби едно златно дете од удар од гром на само 17 години пасејќи ги овците во околината наречена ,,К’рот”во атарот на село Негорци. Дете кое прооде со неговите јагниња и на нивата во полето, на тракторот.. Дете кое стануваше во 5 наутро да ги измолзе овците […]