fbpx

Девет години чекале дете: Еден чуден гест засекогаш им го промени животот

Една брачна двојка цели девет години безуспешно се обидувала да го прошири семејството. Лекарите биле скептични дека некогаш ќе се реализираат како билошки родители, но Бог имал други планови за нив.

Џошуа и Алисија Доерти од САД судбоносната одлука ја донеле во 2010 година по, верувале или не, дури 11 спонтани абортуси. Тие одлучиле да го посвојат малиот Алекс и конечно да почувствуваат детски плач во својот дом.

„Беше неверојатно. Во целото тоа лудило, не ни очекував дека повторно ќе забременам откако водевме љубов шест дена подоцна. По месец и пол ни беше соопштена оваа информација која малку и не’ вознемири. Сепак, имав 11 спонтани. За чудо, се’ помина во најдобар ред и осум месеци подоцна ни се роди Зои. Знам дека Бог не’ награди“, раскажува Алисија за „Метро“.

Но, проширувањето на семејството овде не завршило. Подоцна го посвоиле и Џејмс, па повторно и Бог замешал прсти.

„Пак забременив и го добивме Деш. Посвоивме уште четири деца, но добивме уште две, па сега нашето семејство брои 12 члена“, радосно открива Алисија и признава дека отсекогаш сонувала да има многудетно семејство.

И додека таа се топи од среќа, Џошуа веќе не знае како работното време да го усогласи со толку деца.

„Живеам во луда и хаотична куќа, сопругот на моменти кризира, но и двајцата сме пресреќни“, завршува Алисија.

Следни Објави

Мојот син стана доктор: Татко со Даунов синдром вложи сè во иднината на чедото

Вообичаена заблуда е дека луѓето со Даунов синдром не можат да имаат деца. Жените можат да родат, а во исклучително ретки случаи и мажите можат да станат татковци. Џад Иса, маж со Даунов синдром од Сирија, не само што се реализирал како родител, туку има и неверојатно инспиративна животна приказна. […]