fbpx

Мојот син стана доктор: Татко со Даунов синдром вложи сè во иднината на чедото

Вообичаена заблуда е дека луѓето со Даунов синдром не можат да имаат деца. Жените можат да родат, а во исклучително ретки случаи и мажите можат да станат татковци.

Џад Иса, маж со Даунов синдром од Сирија, не само што се реализирал како родител, туку има и неверојатно инспиративна животна приказна.

Сите биле пресреќни кога му се родил синот Садер. На шега признава дека со сопругата на почетокот го размазиле дури и малку повеќе од потребното. Сепак, го извадиле на вистинскиот пат, вложувајќи го целиот труд нивното чедо да си ги оствари соништата.

Џад работел во фабрика за производство и преработка на пченица, па почнал да штеди за синот да може да го запише на факултет. Правел се’ што е во негова моќ за да може да го издржува семејството, а неговиот син Садер нагласува дека упорноста и пожртвуваноста на татка си најмногу го инспирирале да стане лекар.

„Мислам дека би бил многу помалку возбуден за животот и многу помалку страствен во тоа што го правам, да го немав својот посебен татко“, напиша тој под една нивна заедничка фотографија.

Садер е сега стоматолог, што е една од најплатените професии во Сирија, а неговиот татко никогаш не бил посреќен.

Особено е горд што љубовта на неговите родители и понатаму е иста како на почетокот кога се венчале.

„Совршено се разбираат. Обожаваат прошетки, а понекогаш само седат и разговараат со часови“, завршува тој.

Следни Објави

Ќе те паметам како прекрасен татко: Почина Николас Костер, се огласи ќерка му

Почина актерот Николас Костер на Флорида. Почна да глуми во своите дваесетти години, а најголемиот успех му го донесе серијата „Санта Барбара“. Улогата во ова остварување ја доби во 1984 година, а во серијата глумеше во 600 епизоди. Тажните вести ги сподели неговата ќерка Динин на „Фејсбук“. „Со голема тага […]