fbpx

Пливал во плиткото, па се скаменил: Кристијан доживеа шок во Грција

Овој одмор ќе го памети дур е жив

Италијанецот Кристијан Кастања доживеал навистина несекојдневно доживување на една од грчките плажи.

Додека си пливал во плиткото, во еден момент почувствувал нешто лигаво на телото. Ни на крај памет не помислувал дека може октопод толку цврсто да му се залепи на грбот.

На видеото кое стана вирално се гледа како Кристијан со судни маки се обидува да го симне животното од себе, па на помош му приоѓаат уште неколкумина кои во во тој момент се нашле до него во водата.

Снимката предизвика лавина коментари. Додека едни се воодушевени од глетката на морското суштество, други пишуваат како не би издржале ни минута во една ваква непријатна ситуација.

Следни Објави

Денеска е тежок празник: Воздржете се, никако не правете го ова!

Православната црква денеска го одбележува споменот на Свети великомаченик Прокопиј. Станува збор за еден од поголемите христијански празници од летниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 8 јули, односно на 21 јули по стариот календар. Народот го смета за тежок празник, односно за да не го прокопа […]