Неговото видео предизвика бурни реакции на социјалните мрежи
Младо момче ја вознемири јавноста со својот несекојдневен потег. Одлучил преку интернет да си купи „апаратче“ за чистење уши. И тоа не било какво, туку специјален уред со вградена камера кој точно ве предупредува до каде можете да допрете длабински без да го оштетите ушниот канал.
Во неговиот случај камерата, пред вообичаениот церумен, открила дека во ушниот канал има нешто што не би требало да биде таму.
Своето „откритие“ Елис Лојд Џонс (25) го сподели на „Тик Ток“, а видеото го погледнаа над шест милиони луѓе и речиси сите се згрозени од тоа што имаа прилика да го видат.
Камерата покажала дека освен вообичаените маснотии, во каналот има и нешто што наликува на хартија. Со малку труд, ова момче успеало да го извлече „страното тело“ и дури тогаш следувал шок!
Во ушите имал налепница за посебна сорта на јаболка (гала), а која ја немал конзумирано со години, практично од дете.
„Ве предупредувам, тоа што ќе го погледнете е одвратно“, вели Елис на видеото кое го објави.
„Ваква јаболка не сум јадел со години, така да ова којзнае од кога ми е заглавено во ушите“, коментира тој.
Неговата снимка предизвика хит-реакции на глобалната мрежа.
„Бегај бе, ми се преврте желудникот“, напиша еден од неговите следбеници.