fbpx

Тања Савиќ му кажа „ДА“ на младиот пилот: Прва исповед, реши да открие сè

Тања Савиќ првпат искрено проговори за љубовта со 11 години помладиот Мухамед Муки Бешиќ и со својата изјава збуни многумина.

Пејачката ја прокоментира нивната врска, зборувајќи за него го нарече „сопруг“, по што фановите веднаш се запрашаа дали таа веќе го изговорила судбоносното „ДА“?

„Мојот сопруг е навистина прекрасен. До сега никој не знаеше дека сме заедно повеќе од две години и ова е ексклузивно“, призна таа за ТВ Токсик дополнувајќи дека сега тој ѝ помага да ги „насочи“ синовите на вистинскиот пат.

Инаку, Тања неодамна откри зошто на почетокот криела дека ужива во нова романса.

„Се криевме некое време и беше многу тешко и стресно. Не сум глупава жена да изнесам некои работи во јавност пред да бидам сигурна дека со партнерот сме на вистинската патека после се’ што претходно ми се случи. Јас сум многу внимателна и само кога сум 100 проценти сигурна за нешто го објавувам. Мојата публика заслужува да биде среќна и малку да биде упатена во мојот живот“, изјави таа.

Медиумите долго шпекулираа за љубовниот статус на Тања по семејниот бродолом со Душан Јованчевиќ. Сега на сите им порача дека конечно е емотивно исполнета и повеќе не ја крие нејзината сродна душа.

Следни Објави

Најубавите трпези за Велигден: Еве како да ја декорирате масата

Покрај украсувањето јајца, многу е важно како секоја домаќинка ќе ја декорира велигденската трпеза, за комплетно да уживаме во денот кога го славиме воскреснувањето на Исус Христос. Пред да одлучите како ќе ја подготвите софрата, треба да знаете и во каква боја годинава ќе ги фарбате јајцата. Во секој случај, […]