fbpx

Овие зборови на Ричард Гир се најважната животна лекција

Еден од вечните холивудски заводници е токму Ричард Гир. Жените го обожаваат, мажите му се восхитуваат на животниот стил, а тој е многу едноставен и скромен, баш како и оваа животна лекција која во една прилика ја сподели со фановите.

Во продолжение прочитајте ја оваа голема мудрост на славниот актер која ви ја пренесуваме во целост.

Мајката на мој близок пријател постојано имаше здрава храна на менито. Никогаш не консумираше алкохол, секој ден вежбаше, ги внеуваше сите можни суплементи коишто ѝ ги препорачуваше докторот, никогаш не се изложуваше на Сонце без заштита, а и кога го правеше тоа беше максимално подготвена со сите соодветни креми и го практикуваше во најкраток можен рок. Денес, таа има 76 години, има рак на кожата, рак на коскената срж и екстремна остеопороза.

Таткото на еден мој друг пријател постојано јаде путер и сланина, мислам дека никогаш не влегол во теретана, обожаваше да се пече на Сонце сè дур не изгори.. Буквално живееше како да нема утре. Денес тој има 81 година и е совршено здрав.

Што сакам да кажам? Не можете да се сокриете од сопствениот отров. Тој е некаде таму и ќе ве пронајде. Сите еден ден ќе заминеме на оној свет и затоа ве замолувам да престанете да се однесувате онака како што другите сакаат да ви наметнат. Јадете вкусна храна, шетајте под сонцето и скокнете во морето. Кажете ја вистината којашто ја носите во своето срце како скриено богатство. Бидете љубезни, но бидете и чудни. Не ни останува време за ништо друго!

Следни Објави

Кога некој ќе ве предаде, вака одговорете му!

Медиумите многу често го цитираат легендарниот холивудски актер Ал Пачино. Особено она што тој го изјавил за предавството од блиски луѓе треба да го сфатите сериозно, ако сакате да живеете подобро. „Предавството е составен дел од животот. Родителите ги напуштаат своите деца, оние кои се колнеле на вечна љубов преку […]