fbpx

Список за жени: Еве која храна ги намалува менструалните болки, а која ги зголемува

Прехрамбените потреби кај жените се менуваат во текот на менструалниот циклус, а флуктуацијата на хормоните не е единствена причина. Одредени намирници можат да помогнат за грчеви, главоболка, мачнина и замор.

Во тој период жените губат и есенцијални минерали и витамини, па потребно е да се надополнат преку адекватна и избалансирана исхрана.

ХРАНА КОЈА ТРЕБА ДА ЈА КОНСУМИРАТЕ

Брокула

Во текот на менструалниот циклус особено е важно жените да консумираат храна богата со железо, како на пример брокулата. Таа е богата и со влакна, магнезиум и калиум кој помага во намалување на подуеноста, подобро варење и опуштање на мускулите.

Банани

Бананите многумина ги сметаат за најдобрата намирница што треба да се внесува во организмот во текот на менструалниот циклус. Бананите се полни со калиум, магнезиум и влакна и помагаат кај неправилна работа на цревата и дијареа.

Темна чоколада

Темната чоколада е полна со здрави минерали како железо, магнезиум, антиоксиданси и флавоноиди. Добра е за крвта и за опуштање на крвните садови. Освен тоа, влијае и на подобрување на расположението.

Лосос

Лососот содржи здрави ОМЕГА 3 масни киселини и е богат извор на протеини. Овој вид на риба го намалува воспалението и ги ублажува грчевите за време на циклусот.

Ѓумбир

Ѓумбирот е добар за ублажување на воспаленија, но исто така помага и за намалување на менструалните болки. Додајте свеж ѓумбир во чајот ако имате болки во стомакот.

Портокал и лимун

Цитрусните овошја се особено добри бидејќи освен витамини, содржат многу влакна и многу вода. Агрумите се добри за ублажување на мачнините и другите болки поврзани со менструацијата.

ХРАНА КОЈА ТРЕБА ДА ЈА ИЗБЕГНУВАТЕ

Млеко

Млекото содржи лактоза, специфичен вид на шеќер кој некои луѓе тешко го варат. Покрај тоа, лактозата може да предизвика болки во желудникот.

Грицки и десерти

Вашите омилени грицки можат да ви го подобрат расположението, но може и да предизвикаат воспаленија поради количината на рафиниран шеќер. Телото веќе поминува низ доволно проблеми со губење на крв и витални минерали. Заради тоа исфрлете го вештачкиот шеќер.

Кофеин

Истражувањата покажуваат дека кофеинот за време на менструацијата може да го продолжи нејзиното траење, а во некои случаи може да предизвика дури и аменореја, нередовна менструацијата. Покрај тоа, кофеинот може да поттикне и појаки симтоми за време на ПМС.

Зачинета храна

Зачинетата храна може лошо да влијае на вашиот желудник. Меѓутоа, некои зачини може да бидат и многу корисни за менструалниот период.  

Следни Објави

Што ќе ми се полни џебови кога срцето ми е празно! Македонка со горчлива исповед

Една мајка која од разбирливи причини не сакаше да го открие својот идентитет, неодамна одлучи да ја сподели својата тажна животна приказна. Своите егзистенционални проблеми ги дели со своето чедо, со нејзиниот син, вреден и посветен работник на кого му ја посакува целата среќа на овој свет, но, како што […]