fbpx

Кога некој ќе ве предаде, вака одговорете му!

Медиумите многу често го цитираат легендарниот холивудски актер Ал Пачино. Особено она што тој го изјавил за предавството од блиски луѓе треба да го сфатите сериозно, ако сакате да живеете подобро.

„Предавството е составен дел од животот. Родителите ги напуштаат своите деца, оние кои се колнеле на вечна љубов преку ноќ стануваат рамнодушни, мажот ја остава жената, сите овие ситуации се дел од животниот пат“, вели тој.

Кога некој ќе не’ повреди, Пачино нагласува дека важно е да се запомне следново:

„Тоа не се случило затоа што сме виновни или сме направиле нешто погрешно. Кога врне дожд не се обвинуваме себеси, ги затвораме прозорите и чекаме неверемето да помине. Кога ова ќе го разберете, ќе станете и ментално посилни. Овој став треба да не’ води. Луѓето премногу време поминуваат барајќи ја вината во себе, а тоа не помага ни најмалку“, појаснува актерот.

На крајот советува како треба да одговорите кога некој ќе ве предаде и ќе ве повреди.

„Не собирајте негативна енергија, не барајте објаснување и не ја продлабочувајте кавгата. Решението е многу поедноставно. Јас не трошам време на луѓето кои ме повредиле. Не се вртам по нив и не размислувам претерано за тие ситуации. Немам време да ги мрзам тие што ме мрзат мене, премногу сум зафатен со оние што ме сакаат“, завршува тој.

Следни Објави

Почина мајка на две деца: Испила премногу вода, семејството не може да поверува (ВИДЕО)

Ешли Самерс (35) од американската сојузна држава Индијана починала откако за само 20 минути испила околу два литра вода. Оваа мајка на две деца починала од труење со вода откако поминала релаксирачки ден на езерото Фримен како дел од семејното повеќедневно патување. Последниот ден од патувањето почувствувала вртоглавица и главоболка, […]