Данијел Финлај Брукс, девојка по потекло од Англија, се самоуби додека работеше како келнерка во Шпанија. Истрагата за нејзината смрт која се случи во мај 2020 година откри порака која во нејзиниот стан ја пронајде нејзина пријателка, а која содржеше извинување и проштален говор кој им го остави на саканите.
„Сакав да верувам дека можам да излезам на вистинскиот пат, ама не можам. Цело ова време се чувствувам осамено и исцрпена сум. Не сум доволно силна тоа да го направам сама. Ве сакам сите, немојте тоа никогаш да го заборавите“, напиша таа.
Пријателите и членовите на нејзиното семејство ѝ рекоа на полицијата дека пред смртта Данијел изгледала „задоволно и среќно“ и дека особено му се радувала на претстојното роденденско патување со маќеата.
Сепак, Данијел, со претходно дијагностицирана анксиозност, беше пронајдена мртва откако претходната вечер се искара со пријателите по нивното ноќно излегување.
Серијалот објави на „Фејсбук“ во очи на нејзината смрт исто така сведочеше за нејзината психичка состојба. Само еден месец пред трагедијата таа ги охрабруваше своите виртуелни пријатели „да не губат надеж“.
„Се надевам дека денеска ќе се насмеете, барем на момент. Се надевам дека не се чувствувате лошо. Се надевам дека знаете дека постојат луѓе кои безрезервно ве сакаат. Се надевам дека ќе го видите светлото на крајот на тунелот. Ве молам, не губете надеж“, напиша Данијел.
Во друга објава забележа дека „нема кавга или проблем кои не можат да се решат со разговор“.
„Разговарајте со другите, бидете тука едни за други, никогаш не дозволувајте некој да се чувствува осамен. Животот е прекраток“, напиша таа.