fbpx

Почина познатата македонска докторка: Вашите добри дела ќе продолжат да живеат

Почина д-р Мира Аџиќ, основоположник на палијативата во Македонија.

Тажната вест ја споделија од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“.

„Допревте толку многу животи во вашиот живот, а вашите добри дела ќе живеат и после вас. Д-р Мира Аџиќ била легенда на македонското здравство, основоположник на палијативата во нашата држава, жена која била во функција на директор повеќе од 20 години во нашата здравствена установа.

Замина уште една легенда на македонското здравство, замина токму во хосписот во Скопје. Ни беше чест да бидеме дел од нејзиниот живот. Длабоко сочувство до семејството, роднините и соработниците. Почивај во мир, Вечен помен наша Мира Аџиќ“, стои во нивната објава на социјалните мрежи.

Следни Објави

Се појави снимка, сите се во шок! Девојка си ги соблекува гаќите среде бел ден

(ВИДЕО) Луѓе, до каде стигнавме, реагираат родителите „Срамота!“, „Оваа девојка нема грам домашно воспитување!“, „Оваа младина не знае на каде тера..“ Ова се само дел од коментарите под видеото кое ја шокираше јавноста во регионот. На социјалната мрежа „Икс“ се појави снимка на која девојка која се вози во скап […]