fbpx

Со месеци ја болело глава, свекрвата ја тешела: Мира занемела кога ја открила вистината

Млада девојка раскажа неверојатна приказна. Таа на „Инстаграм“ откри што ѝ се случило кога по 11 месеци одлучила да направи лабараториски анализи и прегледи кај гинеколог за да утврди зошто не може да забремени.

Актерката Мира Најран (29) од индискиот град Лакнау се омажила за 33-годишниот Амеш Најран со кого претходно исто толку време била во врска. Вели дека нивниот однос бил толку прекрасен и дека се засакале речиси од првиот ден, но тоа не било случај во комуникацијата со свекрвата, раскажува таа.

Се испоставило дека мајката на нејзиниот сопруг речиси 11 месеци редовно ја дрогирала при секоја нивна средба.

„Веќе по два месеца почнав да се прашувам што ми се случува. Константно ме болеше глава и немав волја за ништо. Секогаш кога со Амеш разговаравме за деца, бегав од обидот да забременам или не можев да се опуштам како претходно. Ништо не ми беше јасно, па отидов на гинеколог. И јас и сопругот направивме тестови и не стануваше збор за неплодност“, пишува Мира.

Во тој период, односот со свекрвата значително ѝ се подобрил, бидејќи се чувствувала лошо и разочарано.

„Се’ почесто доаѓав кај неа на кафе. До толку се здруживме, што ниту во еден момент не ми падна на памет дека токму таа е креаторот на проблемите. Понекогаш по цели денови останував кај неа, а навечер заминував во кревет со ужасна главоболка. Ги менував и апчињата, мислејќи дека е до нив. На крај, маж ми ми предложи да направам подетални анализи на крвта и тогаш ми се слоши. Резултатите покажаа дека веќе подолго време внесувам во организмот супстанци кои комплетно ми ја нарушиле рамнотежата. Тогаш докторот отворено ме праша дали постои можност некој да ме дрогира. На почетокот одбивав да поверувам во тоа, се’ додека не си го вратив филмот и заклучам како тоа наеднаш свекрвата почна да ме поднесува и ми стана најдобар пријател“, раскажува Мира.

За да има аргументи и конкретни докази, заминала уште еднаш кај свекрвата, но со празна стерилизирана епрувета која ја купила во аптека, а во која ставила од кафето на свекрвата.

„Го искористив моментот додека беше во кујната. Потоа измислив дека не ми е добро и дека морам да заминам дома. Се разбира, заминав во амбуланата да го оставам примерокот. Кафето покажа дека во истото се наоѓа уште нешто“, вели Мира.

Нејзиниот сопруг премногу се вознемирил и посакал да ги прекине сите контакти со мајка си.

„Тогаш таа го покажа вистинското лице од претходно, почна отворено да му зборува како не сум за него и дека јас ќе го уништам. Во меѓувреме главоболките исчезнале. Нема да ја тужам свекрвата, сакам да се фокусирам на убави работи. Се надевам дека наскоро ќе се реализирам како мајка, тоа ми е најголемата желба“, завршува таа.

Следни Објави

Анастасија пронајдена гола и завиткана во чаршаф: Страшни детали за убиената млада жена

Анастасија Рубинска, 27-годишната полска државјанка која во понеделнико исчезна на грчкиот остров Кос, е пронајдена мртва. Нејзиното тело го пронајде волонтер кој се вклучи во интензивната потрага по исчезнатата жена. Според агенцијата AMNA, нејзиното тело било пронајдено голо и завиткано во постелнина, додека горниот дел бил дополнително покриен со најлонска […]