fbpx

Еден донор утрово спаси четири животи: Историски момент за македонското здравство

Еден донор утрово спаси четири животи, соопштија од министерството за здравство

За првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје.

Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања.

Од Министерството упатија огромна благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина.

„Благодарност до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се’ уште работат на скопските хируршки и интерни клиники. На пациентите кои добија органи им посакуваме брзо опоравување. Горди сме на секој нов успех во македонското здравство“, пишува во соопштението.

Следни Објави

Клекна среде натпревар, па доби шамар: Кога се фати за џеб девојка му занеме, но потоа збесна

Секоја девојка и жена си фантазира за своето идеално запросување. Некои сакаат тоа да биде симпатично, но интимно, додека пак има и такви што посакуваат да добијат прстен на јавна сцена, спектакуларно и пред многу народ. Темата „запросување“ деновиве е главен муабет и на „Твитер“, откако се појави видео од […]