fbpx

Прва изјава на Елена Ристеска по нападот: Се спасила во последен миг

Македонската поп-ѕвезда Елена Ристеска потврди дека завчера избегнала обид за напад со тврд предмет во познат скопски клуб.

Немилиот настан се случил во 2.30 по полноќ, а таа случајот го пријавила во полиција.

Нашата поранешна евровизиска претставничка била излезена со пријатели во клубот кога сосема неочекувано женска личност се обидела да ја удри со тврд предмет по главата.

Ристеска вели дека не е повредена и дека имала среќа што пред неа стоел нејзин пријател, кој пред неа забележал дека жената сака да ја нападне, пишува порталот „СДК.мк“.

„Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име. Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка. После 21 година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име. И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“, напиша таа на социјалните мрежи.

Следни Објави

Естрадата во шок: Ненадејно почина познатиот рапер

Беше дел од повеќе групи, а работеше и како менаџер Пол Костик, раперот и член на групите „B Rock“ и „The Bizz“, ненадејно го загуби животот на 57-годишна возраст во неделата во Вирџинија, во куќата каде што живеел. Неговиот претставник за медиумите вели дека последен пат се слушнале во текот […]