fbpx

Потресно сведоштво на Кирил: Скршена рака, излезена коска, а типот избега

Пред 11,5 часот на стаза од лева страна на патеката, на 30 метри пред мостот кај Систина без светла ми се заби друг велосипедист додека ја возев со светла и прописно десно.. сѐ се случи за помалку од пет секунди.. по шокот од повредата и малата конфузија, сфатив дека ми е скршена целосно едната рака (коската излезена), дланката скоро вис, и крварам, а имам и повреди на око, лице и усни.

Типот што ми се убута и ме удри испаничи повеќе, иако нему не му беше ништо видливо. Има околу 45 години, црн, кратко шишан, црни шорцеви, сива маица..

Но, не сакаше да викне 194, „телефонот нешто не му работел“, а јас со крварења и скроз пукната рака вртев по помош, а потоа се појави една девојка. Типот што ме удри, дури стаса брзата помош избега, си замина подмукло кон К4!

Итно ме оперираа ноќеска во 12. во ГОБ 8 Септемви.

Во Скопје се повеќе живеат дивјаци, преваратни, луѓе без никаква одговорност и сообраќајна култура. Ова само покажува дека ниту крив ни должен можеш за секунда да заминеш од овој свет, и тоа на велосипедска.

Особено големо фала за една девојка што џогираше и дечко со тиркизен скутер кои ми помогнаа. Апелирам многу да внимавате и се чувате , а МВР и Оливер Спасовски да преземат соодветни активности за случајот. Веќе дадов изјава на полициските слижбеници.

Фала и за дечкото до мојот креват што ја напиша оваа порака.

Фејсбук-статус на Кирил Ефремовски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Скршени сме! Почина познатиот хрватски актер, колега ја потврди тажната вест

На 79-годишна возраст почина познатиот хрватски актер Крунослав Шариќ. Тажната вест ја потврди неговиот колега, актерот Горан Гргиќ. „Вистина е. Круно почина. Само што се слушнав со неговата ќерка. Скршени сме. Без разлика на големата разлика во години, Круно ми беше голем пријател. Можев само да учам од него“, изјави […]