Ивана Селаков е позната по својот раскошен глас, но и по одличниот изглед, а ретко кој се сеќава како изгледала на почетокот на кариерата.
На еден инстаграм-профил се појави фотографија од пејачката од пред десет години, а разликата е драстична.
Ивана во тој период имала потенки усни и веѓи, а ниту бојата на косата не ѝ бил најдобар избор.
Веднаш по објавувањето на фотографијата следуваа лавина коментари, а фановите едногласно заклучија дека таа денес изгледа неспоредливо подобро.
Додека едни тврдат дека се работи само за малку подобра шминка и фризура, други се сомневаат дека пејачката направила повеќе естетски корекции.