fbpx

Сака господин на улица и пастув во кревет! Неда удри по мажите: Доста нè учат што тие сакаат од нас

Хрватската пејачка и една од членките на групата „Феминем“ со изјава која предизвика внимание во целиот регион

Неда Пармац вели дека со години слушаме и учиме што сакаат мажите од жената, односно какви убавици ги возбудуваат.

„Сакаат дама на улица, домаќинка во кујна и курва во кревет. Со години ни сервираат натписи за тоа како да се однесуваме кога сопругот се враќа од работа. Се сеќавам на еден: „Испратете ги децата во собата, тие мора да бидат тивки, послужете му вечера, не прашувајте ништо, зборувајте само ако тој ви се обраќа прв“.. Или онаа уште пострашна реченица: „Ако малку те удри, сигурно си заслужила“.

Седам на кафе пред некој ден, а до мене млада двојка.. Таа дотерана од глава до петици, сјајни усни, големи гради, јапонски веѓи, француски маникир, фризура, трепки, шминка.. А момчето, едвај исчешлано и во бермуди.. Очигледно ние жените сме еволуирале, многу од нас имаме две или три работни места, деца, водат домаќинство.. Дали е можно се’ уште да не привлекуваат пештерски луѓе во бермуди со едвај исчешлана коса и со истите желби?!“, се прашува таа.

Вели дека како жена сега и таа има некои барања од мажите.

„Сакам господин на улица, готвач во кујна, батлер во тоалет, бејбиситер во паркот, масер по потреба, психотерапевт во дневната соба и пастув во кревет. Ако се сетам на нешто друго, ќе дополнам“, пишува Неда.

Следни Објави

Утре е голем празник: Направете една работа за поубав живот

Утре е Св. маченик Никифор (Задушница). Во третиот век во Антиохија живееја двајца многу блиски пријатели, Саприкиј и Никифор. Но, еден ден тие толку се налутија еден на друг, што не сакаа очи да си видат. По некое време Никифор ја сфати бедата на лутината и побара прошка од Саприкиј, […]