fbpx

Голем грев! Пред Митровден никако не правете го ова

Православните христијани ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.

Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви.

На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив.

Тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември).

Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.

Следни Објави

Потресно сведоштво за Коста, ново шокантно сознание

Измина точно половина година од крвавиот поход во училиштето „Владислав Рибникар“ кога тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ уби девет ученици и вработен од обезбедувањето. По трагедијата која го потресе и згрози целиот регион, се појавија различни шпекулации, најмногу поврзани со психолошкиот профил на момчето и причините кои довеле до ваквата трагедија. […]