fbpx

Потресно сведоштво за Коста, ново шокантно сознание

Измина точно половина година од крвавиот поход во училиштето „Владислав Рибникар“ кога тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ уби девет ученици и вработен од обезбедувањето.

По трагедијата која го потресе и згрози целиот регион, се појавија различни шпекулации, најмногу поврзани со психолошкиот профил на момчето и причините кои довеле до ваквата трагедија.

Коста имал големи животни планови и ниту со една негова постапка не навестувал дека е подготвен десетици фамилии да завие во црно.

Потресно сведоштво за масовниот убиец неодамна објави и порталот “Нова.рс“, а нивен соговрник беше татко на еден од блиските другари на Коста.

Неговиот син и момчето кое уби осум негови врсници и вработен од обезбедувањето се гледале секојдневно. Вели дека често заедно играле фудбал.

„Сите деца кои биле запишани во пронајдениот список се деца со кои со години другарувал. Не можам да си објаснам зошто на истиот се нашол и мојот син. Или зошто на листата биле и девојчиња кон кои гаел симпатии“, раскажа тој.

Вели дека се обидел да поразговара со своето дете, но од нивниот муабет не успеал да извлече некои конкретни заклучоци.

„Ми кажа дека никој од луѓето од списокот не го исмејувале. Напротив! Мојот син ми раскажа дека на неговиот роденден, ноќта пред масакрот, Коста зборувал за некои од неговите животни планови, но ништо што би укажувало на масакр. Зборувале и за некои девојки, за одмори, за училишните задачи. Верувајте ми, моето дете е во шок што „неговиот пријател Коста“ со кој оди после училиште да шутира на голчиња направи такво злосторство“, изјави потресениот татко.

Во меѓувреме, почна судењето против неговите родители. Против нив се поднесени приватни тужби од 27 членови на семејствата на жртвите.

Против неговиот татко Владимир Кецмановиќ кој по инцидентот е во притвор, е покренато обвинение под сомнение дека оружјето што го поседувал во станот не го чувал соодветно, како и дека синот го однел на стрелиште, каде што го обучувал да употребува огнено оружје. Против неговата мајка Миљана Кецмановиќ, пак, е покренато обвинение бидејќи нејзината ДНК била пронајдена на чаура која била пронајдена пред кабинетот по историја, каде што Коста го извршил масакрот врз своите соученици.

Следни Објави

Отиде на гробот на ќерка си и занеме од тоа што го виде: Остана без зборови (ФОТО)

Татко од Шабац се пожалил во локалниот медиум дека е скршен од болка и е во длабок шок од она што го затекнал на гробот на својата ќерка. „На гробиштата Доњошор е погребана ќерка ми Андреа. Имаше 21 година кога го напушти овој свет. Почина лани во февруари и скоро […]