fbpx

Најсуровата жена во историјата: Кога ќе ја прашале ОВА, ладнокрвно убивала!

За кнезот Игор и неговата сопруга Олга зборувале дека се најубавата двојка во Русија. Тој бил моќен и популарен владетел, голем стратег и мудар монарх. Таа била обожувана од народот. Живееле во средината на 10. век, а нивната љубов уште тогаш била надалеку позната.

И токму кога мислеле дека ништо не може да им застане на патот, се случила трагедија. Во 914 година, Игор војувал со словенското племе Древљани. По победата им наложил да му плаќаат данок. Тие начелно се согласиле, но веројатно уште од тогаш почнеле да кројат план како да му се одмаздат на освојувачот.

Шанса за тоа добиле по неуспешното војување на Игор против Византија. Есента 945 година, Игор отишол кај племето Древљани да си го собере договорениот данок.

Византискиот хроничар Лав Ѓакон во своето дело подвлекува дека тие веднаш го угостиле, а потоа со измама го заробиле. Убиството не било воопшто наивно. На нозете му врзале тешки дрва, па буквално го распарчиле.

Олга била неутешна. Не само што останал без љубовта на својот живот, туку по смртта на сопругот станала и регент на нивниот наследник, тригодишниот син Свјатослав.

Меѓу народот почнало да се зборува дека нивната кнегиња преку ноќ комплетно се променила. Никој не смеел да изусти брак или премажување. Секој со таков предлог бил погубуван.

По некое време стигнала неверојатна понуда од племето Древљани. Во писмото адресирано до нејзе било наведено дека Игор бил тиранин и дека морале да се ослободат од него. Од друга страна, за неа имале само пофални зборови, дека е мудра и чесна владетелка против која немаат ништо против и дека сакаат да ја имаат на своја страна. Затоа, ѝ предложиле да се венча со нивниот кнез Мал и така да го зацврстат сојузот.

Олга која претходно живи ги закопувала сите оние кои воопшто се осудувале да глумат стројници, за Мал имала уште пострашен план.

Им пратила писмо дека ја прифаќа понудата, но дека прво мора да ги испрати своите најблиски соработници во Киев да се запознаат со идните поданици и неа да ја однесат на свадбата. Мал се согласил, а Олга на почеток убаво ги нагостила.

Најстрашното допрва следувало. Олга тргнала кај „вереникот“, но не како невеста, туку како окупатор. Во голем поход ги обезглавила сите припадници на племето и ја освила нивната земја. Ладнокрвно им го запалила целиот имот не покажувајќи милост кон никого.

Олга владеела се’ до полнолетството на синот. Во 957 година пристигнала во Цариград каде се прекрстила во Јелена. Така станала првата руска владетелка која го примила христијанството.

Продолжила да му помага на синот Свјатослав додека тој војувал. Починала на 11 јули 969 година за време на опсадата на Киев додека нејзиното чедо војувало со Бугарите. Тој ден Руската православна црква го одбележува како ден на Света Олга Киевска.

Следни Објави

До смрт го претепале за музика во ресторан: Шок детали за убиениот Душко

Шест лица на возраст од 28 до 40 години се уапсени за убиството на Душан А. (47) кој синоќа бил претепан до смрт во ресторанот „Панорама“ во Младеновац. Убиениот Душко кобната ноќ бил во кафеана со неговиот син В.А., кој исто така е повреден во тепачка. „Дуле беше со синот […]