fbpx

Со што заслужив, се прашува Весна Змијанац: Нова трагедија по загубата на синот

Легендарната српска фолк-пејачка Весна Змијанац проговори за еден од најтешките периоди во животот кој, како што вели, дур е жива ќе го носи како товар.

Во автобиографската книга „Кад замиришу јорговани“, таа открива дека имала дури два спонтани абортуси.

„Влада Јовановиќ и јас нашето прво дете го изгубивме 1986 година. Бев во седмиот месец од бременоста, а немилиот настан се случи за време на паузата на еден концерт во Младеновац. Тие моменти кога почнав ненадејно да се пораѓам во гардероберот позади сцената, патот накај Белград и тие неколку минути во болница ниту денес не можам да ги опишам. Тоа е една од оние рани кои и после толку време се’ уште болат. Често се сеќавам на тие сцени и секогаш ми се превртува желудникот“, раскажува Змијанац.

Веќе наредната година преживеала идентична драма.

„Нашето второ несудено дете, исто така син и исто така во седмиот месец од бременоста, го изгубив под речиси исти околности во 1987 година. Тогаш се прашував, а и денес понекогаш се прашувам, со што заслужив да ми се случи такво нешто“, наведува во потресното сведоштво една од најпопуларните пејачки во поранешна Југославија.

Две години подоцна, Весна конечно се реализира како мајка. Нејзината ќерка Николија ја знаете сите, а во меѓувреме таа ѝ подари и две прекрасни внуки.

Следни Објави

Вечен ти спомен! Колегите од Театар Комедија се простуваат од Игор

Тажна вест споделија на „Фејсбук“ вработените од Театар Комедија. Тие се простоја од својот колега и пријател Игор Трајковски. „Со огромна жал и болка објавуваме дека почина нашиот, колега, пријател и соработник Игор Трајковски. Овој човек кого сите го почитувавме беше и ќе остане дел од нашиот театар. Сочувство до […]