fbpx

Предвидувања на Баба Ванѓа за 2024 година: Се спомнува и Путин

Според народните преданија и многуте сведоштва, Баба Ванѓа ги предвиде најважните светски случувања, а особено катастрофите

Слепата бугарска јасновитка родум од Македонија има предвидувања и за годината што ни претстои.

Според последните толкувања на нејзините писанија, во 2024 година би можеле да се соочиме со нова голема поплава. Би можеле да видиме застрашувачки природни катастрофи, па дури и зголемување на нивото на радијација.

Во своите пророштва, наводно, изјавила дека Владимир Путин ќе биде убиен, но и дека ќе има бројни медицински откритија.

Се наведува и дека Европа ќе доживее нови терористичките напади, но и дека ќе се појави ново деструктивно оружје. Записите за нејзините пророштва за 2024 година наведуваат дека една „голема земја“ ќе спроведе тестови или напади со биолошко оружје следната година.

Видовитата Баба Ванѓа исто така имала визија дека ќе има голем напредок во квантното пресметување, пренесува History.co.uk. Ако предвидувањето се покаже како точно, 2024 година би можела да покаже како расте моќта на вештачката интелигенција во општеството.

Баба Ванѓа предвидела и нешто добро. Следната година би можела да биде година на нови лекови за неизлечиви болести како Алцхајмер и канцер.

Следни Објави

Ја избол со нож, па побегнал: Ова е човекот што ја уби бремената жена

Свирепо убиство ја вознемири јавноста Пред влезната врата од својот дом е убиена 27-годишната Ванеса Балан, трудница од Италија, а за делото е уапсен 41-годишниот Бујар Ф. од Косово. Ванеса била во третиот месец од бременоста кога осомничениот ја удрил неколкупати по лицето, пред да почне да ја боде со […]