fbpx

Зорица ги изгуби трите сина, вели дека им ја предвидела смртта: Трагична судбина на познатата јасновитка

Зорка Пуцар, многу попозната како Видовита Зорка, во 90-тите години на минатиот век заедно со Клеопатра беше најпопуларна јасновитка на овие простори. Во телевизиски емисии и преку својата агенција им ја предвидуваше судбината на многумина, вклучувајќи и актери, пејачи и политичари.

За жал, успеа да ги предвиди и трагичните случувања во сопствениот живот. Зорка изгуби три сина кои ги доби од бракот со Радивој Барбаков со кого живееше во српскиот град Кикинда.

Најстариот син Дејан загина на 27-годишна возраст во сообраќајна несреќа, синот Драган кој беше воен инвалид почина на 44 години од рак, а потоа умре и Небојша (41).

На Зорка ѝ остана синот Павле (46) од првиот брак и синот Драгослав (31) од вториот брак.

Таа пред четири години собра сили да зборува на оваа исклучително болна тема.

„Додека ова го зборувам, си отворам жива рана на срцето. Страдам и плачам со денови и ноќи. Да погребаш три сина е нешто најлошо што може да му се случи на еден родител“, раскажа низ солзи Зорка која тврдеше дека ја предвидела семејната трагедија.

Во истото интервју откри дека Дејан го проколнувала да не оди во Црна Гора, но не сакал да ја послуша.

„Настрада кога автобус слета во кањонот Морача. Драган беше воен инвалид, се разболе од канцер. Најмладиот син го погребав во февруари. Беше вреден, работеше со градежништво. Трагедиите ги предвидов, но не можев да ги спречам“, изјави Зорка за српски „Телеграф“.

Благодарна му е на Бога што Павле ѝ жив и здрав. Живее во Ново Милошево и често ја посетува. Има само пофални зборови и за синот Драгослав.

Познатата јасновитка во 2015 година гостуваше во шоуто „Парови“, а потоа се повлече од медиумите. Неодамна гостуваше на една телевизија и покажа колку всушност се променила.

Следни Објави

Три млади лица го загубија животот: Трагедија ја потресе Македонија

Има и тешко повредени На 29.03.2024 во 04:50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) […]