fbpx

Ја избол со нож, па побегнал: Ова е човекот што ја уби бремената жена

Свирепо убиство ја вознемири јавноста

Пред влезната врата од својот дом е убиена 27-годишната Ванеса Балан, трудница од Италија, а за делото е уапсен 41-годишниот Бујар Ф. од Косово.

Ванеса била во третиот месец од бременоста кога осомничениот ја удрил неколкупати по лицето, пред да почне да ја боде со нож пред влезот на нејзината куќа во близина на Тревизо, пишуваат светските медиуми.

Телото на жената го пронашол нејзиниот партнер кога се вратил од работа и веднаш ја алармирал полицијата. Тој бил во шок, но успеал да ѝ даде на полицијата корисни информации. Веднаш била почната потрага по осомничениот, кој бил уапсен во вторникот вечерта.

Според партнерот на жртвата, осомничениот бил муштерија на супермаркетот „Еуроспин“, каде што до пред извесно време работела Ванеса пред да замине на породилно бидејќи го чекала своето второ дете.

Тој често ја следел Ванеса, доаѓал на нејзиното работно место и ја малтретирал, а таа во октомври го пријавила за демнење.

Според извори од италијанските медиуми, Ванеса и Бујар имале кратка романса, а тој не сакал да се помири со раскинувањето и почнал да ја демне и да ѝ се заканува со наводно експлицитни видеа од нив двајца поради што таа го пријавила.

Кобниот ден Бујар ја чекал Ванеса да биде сама во куќата, односно нејзиниот партнер да го однесе детето во градинка и да оди на работа, а потоа ѝ заѕвонил на врата и го сторил злосторството.

Осомничениот не сакал да одговори на прашањата на истражителите и бил однесен во затвор, а полицијата се обидува да го открие мотивот за убиството.

Следни Објави

Татко ѝ ја силува, сестрите ѝ починаа, брат ѝ загина: Животот ѝ беше пекол, прерано почина

Во август 2022 година почина холивудската актерка Ен Хеч која настрада во тешка сообраќајна несреќа откако со својот автомобил удри во гаража на станбен комплекс во Лос Анџелес. Актерката која се упокои на само 53 години, имаше бурно минато. Подеднакво интересен за жолтиот печат беше и нејзиниот љубовен живот и […]