fbpx

Баба Ванѓа ѝ го промени животот: Ми рече да заспијам на купче шеќер, сѐ ми се оствари

Една од легендите на бугарскиот спорт, светската рекордерка во скок во височина Стефка Костадинова, раскажа неверојатна приказна на една бугарска телевизија откривајќи како во 1985 година баба Ванѓа ѝ го променила животот.

Костадинова била во кампот во Петрич со националната атлетска репрезентација. Познаник ѝ средил да се види со јасновитката. Добила благослов, но и задача веднаш да преспие на купче шеќер. Славната спортистка тоа и го направила.

Следниот ден повторно отишла кај баба Ванѓа, малку доцнела од закажаниот термин, а пред нејзината куќа немало луѓе. Стефка пристигнала со својот Москвич, а набргу се појавила и Ванѓа.

„Стефка, задоцни. Благословена си! Работите секогаш ќе ти се остваруваат од втор обид“, ѝ порачала легендарната бабичка.

Така и било. Костадинова сите големи скокови во кариерата ги реализирала од вторпат. Се покажало дека љубовта на својот живот ја препознала во вториот сопруг Николај.

Инаку, Стефка повторно беше избрана за претседателка на бугарскиот Олимписки комитет, а се пофали дека нејзин заменик сега е фудбалскиот ас Христо Стоичков.

Фото: Профимедија/Борјана Кацарова/АФП/Инстаграм

Следни Објави

Шокантна порака! Нови детали за брутално убиената Анастасија

Мажот од Бангладеш (32), кој е осомничен за бруталното убиство на Анастасија Рубинска (27) на грчкиот остров Кос, е изведен пред истражен судија за да се изјасни за обвинението. На почетокот на истрагата, осомничениот наводно признал дека ја силувал младата девојка од Полска, но сега тврди дека тоа никогаш не […]