fbpx

Не е само за уживање: Ова е вистината за клиторисот

Клиторисот е најчувствителната ерогена зона на жената и основен анатомски извор на женското сексуално задоволство.

Сепак, неколку студии направени годинава покажаа дека истиот игра важна улога и во репродукцијата, активирајќи низа мозочни функции кај жената коишто прават оптимални услови за зачнување.

Така, може да го подобрат вагиналниот проток на крв и да ја појачат влажноста што го прави сексот подобар и на спермата ѝ овозможува полесно да стигне до јајниците.

Научниците откриле и дека клиторисот поттикнува и промена на положбата на матката.

„Драго ми е што се’ повеќе жени сфатија дека единствената функција на клиторисот не е да предизвика сексуално задоволство. Физиолошките докази сега се очигледни“, вели д-р Рој Левин.

Фото: Вокал/Медиа

Следни Објави

Брено, ти ли си? Се појави шокантна слика од легендарната пејачка

На социјалните мрежи се појави фотографија на Лепа Брена од средношколските денови и сите останаа со подотворена уста. Иако пејачката речиси ѝ да порасна пред камерите, слики од оваа нејзина фаза досега не беа објавувани. Веројатно кога позирала овде, не била воопшто свесна дека за само неколку години ќе ја […]