fbpx

Ги прочистуваме телото и умот: На Водици направете го ова!

Богојавление или Водици е празник на животот, просветлувањето, прочистувањето од гревовите, на простувањето. Преданието вели дека на овој ден реките се прочистени како солза, зашто во реката Јордан бил крстен синот Божји – Исус од Јован Крстител.

Верувањето е дека на овој ден отворени се небото и земјата да се впијат гревовите. Оние кои ќе влезат и допрат вода се духовно слободни.

За Водици некои постат, а се честат и имендени – Богдан, Богољуб, Боге, Ордан, Ордена, Јордан, Јован, Јована, Војо, Војне..

Подготовките околу Водици почнувале уште по Василица со замесување лепчиња во глува доба, а по селата водарки лееле вода со стомни и грнци за здравје. При крајот на јануари по селата се одредувал кумот кој морало да биде чесен, носел крст, босилек, погача, вино низ селото. „Кумот“ крстот таму се шетал по строг ред. Ги посетувал одаите на селаните, фрлал сол за благослов во куќите и им посакувал здравје. Од посната софра, во чест на Св. Јован крстоносецот, носителот на крстот бил честен со костени, лебелебии, алва, јаболка, шеќерчиња.

Празникот Водици го менувал денот, но датумот никогаш. Водокрст (Водопост) бил на 18 јануари, на 19 јануари Богојавление (Водици), а на 20 јануари Собор на Св. Јован  Крстител. Деновите околу Богојавление се познати како женски и машки водици. Едниот ден лееле вода момчињата, а другиот ден жените и посебни родилките.

По храмовите се осветува вода, по реките постои традиција да се фрлат во вода за здравје намерници, а некаде на овој ден црковните служители и венчаваат стари брачни двојки.

Следни Објави

Утре е Собор на Свети Јован Крстител: Жени, направете го ова!

Утре е Собор на Свети Јован Крстител. Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Богојавление. Тоа е така затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус. Именден прославуваат Јовановци. Овој […]