fbpx

Утре е Собор на Свети Јован Крстител: Жени, направете го ова!

Утре е Собор на Свети Јован Крстител. Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Богојавление. Тоа е така затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус.

Именден прославуваат Јовановци. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените.

На овој ден жените одат по коледица, и тоа само по куќите од својата компанија. Најпрвин една девојка облекуваат во невестинска облека, таа бацува рака и ги собира подароците, најчесто пари.

На жена со машко дете ѝ се пеела песната: „Има мајка мила сина”, на жена со ќерка: „Има мајка мила ќерка” или „Има мајка мили ќерки”, ако имала повеќе женски деца, а на жена без деца ѝ се пеела песната „Еливер ми коња коит”. Според содржината, но и според начинот на исполнувањето овие песни се блиски со лазарските песни.

Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници.

Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и маченик. Во исламот е познат како пpорок Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински меcија.

Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари по македонскиот православен црковен календар. Исто така, во православната црква се празнува и денот на отcекувањето на главата на Св. Јован Крстител (11 септември).

Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, а дел од дланката се наоѓа во Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител во Македонија.

Следни Објави

Убиство ги потресе скопјани: Еве што ѝ правел на жртвата пред да ја задуши

Семејна трагедија ги вознемири жителите на главниот град Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело-Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при […]