fbpx

Тажен ден во домот на Драгана и Тони: Нека почива во мир!

По разводот со популарната пејачка Драгана Мирковиќ, Тони Бијелиќ се повлече од јавноста, но знае понекогаш да се огласи на неговиот инстаграм-профил.

Бијелиќ сега сподели тажна вест и со трогателни зборови се прости од драга личност.

Станува збор за близок семеен пријател кој, според српските медиуми, бил особено приврзан и со Мирковиќ.

„Драг пријателе, ти благодарам за се’ што направи за мене, за моето семејство и за замокот. Ти беше еден од ретките искрени пријатели. Секогаш ќе останеш запаметен, драг наш Енвер Хасановиќ“, напиша Тони.

Инаку, Драгана и Тони неодамна ѝ соопштија на јавноста дека се разведуваат по 24 години брак. Пејачката призна дека нејзиниот однос со Тони веќе подолг период бил нарушен.

„Последните три години практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така сум воспитана, направив се’ за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, таа празнина стана поголема и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира“, раскажа таа.

Драгана нагласи дека секогаш ќе остане доследна на своите животни принципи.

„Останувам доследна на моите принципи, на мојот начин на живот, исто како што останувам верна на моето семејство и на мојата публика. И секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кого поминав многу убави години“, изјави таа.

Следни Објави

Се огласи ќерката на новата македонска претседателка: Еве што напиша Марија

На социјалните мрежи се огласи ќерката на Гордана Силјановска-Давкова, новата македонска претседателка. Марија Давкова Јордановска објави песна и интересна порака на нејзиниот профил на „Фејсбук“.  „Нека убоста и просперитетот бидат главната одлика на нашата земја во наредните години, декади и столетија, драги земјаци. А слогата и соживотот нека постанат наша […]