fbpx

Како дете нижел тутун, не се срами од своето минато: Ѓоко Јовиќ за патот до успехот

Ѓоко Јовиќ е еден од најангажираните машки вокали кога станува збор за настапите во живо.

Со сопругата Ивана имаат четири деца, па максимално е посветен на работата.

Сепак, како грижлив татко и сопруг секој слободен момент го користи за да го помине со своите најмили.

Во една прилика откри дека најважната лекција ја научил од татка си.

„Еден ден ме седна и ми кажа: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот“, изјави Ѓоко во едно интервју.

Познатиот пејач неодамна искрено проговори за својот пат до успехот. Како што вели, животот не му бил секогаш благонаклонет, но се радува што сега е реализиран човек.

„Како што знаете, потекнувам од Валандово. Во минатото моите родители се занимавале со земјоделие во кое преовладувал тутунот. И јас сум го работел тоа, знам колку е тешко и затоа ги ценам луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура. Не се срамам да зборувам за моето минато и секогаш сум подготвен повторно да го работам тоа“, порача тој.

Следни Објави

Вака се сака свекор: Милица со трогателна посвета се прости од него

Таткото на починатиот актер Небојша Глоговац, протоереј Ставрофор Милован, почина на 16-ти февруари. Милован Глоговац ќе биде погребан утре, а неговата снаа Милица Глоговац денеска се огласи на социјалните мрежи. Таа на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија под која напиша: „Ви благодарам за секој благослов“. Под објавата има бројни коментари […]