fbpx

Дарко ја силува, па ја уби малата Ивана: Родителите со барање кое ги разгневи сите

Несреќната девојка исчезнала истото попладне кога на мајка си ѝ рекла дека заминува на забава

Ивана Подрашчиќ (14) беше силувана и до смрт претепана со ашов во напуштена куќа.

За ова злосторство кое се случи пред точно девет години, 48-годишниот Дарко Костиќ, инаку повеќекратен силувач и убиец, е осуден на 40 години затвор.

Овој монструм казната ја отслужува во Забел и никој од роднините и од пријателите не го посетува. На слобода би бил пуштен 2054 година и ако се’ уште е жив би имал 79 години.

Несреќната девојка исчезнала истото попладне кога на мајка си ѝ рекла дека заминува на забава. Претходно стапила во контакт со Костиќ преку заедничка другарка, па кобниот ден се договориле да се видат. Наводно се нашле на автобуска постојка кај Петлово брдо, пред Дарко да ја однесе во една напуштена куќа каде консумирале алкохол. Во еден момент ѕверски ја нападнал и почнал да ја силува, а потоа се обидел да ја задави. Ивана пружила отпор, па Костиќ морал да посегне по ашов со кој до смрт ја претепал. Кога се уверил дека е мртва, телото го завиткал во ќебе, го фрлил во задниот дел на дворот и го прекрил со душек.

Полицијата со месеци го бараше девојчето, но безуспешно. Злосторството е откриено дури откако 22-годишната Кристина Ковачевиќ пријавила дека е силувана. Се покажало дека Костиќ блудничел над неа во истата куќа во која ја убил Ивана. По детален претрес на објектот, полицијата го пронашла мобилниот на Ивана, но и уште неколку клучни докази дека го имаат злосторникот. Костиќ бил веднаш лоциран и уапсен, а на судењето го признал делото и до детали опишал како ја прелажал и ја убил несреќната девојка.

„Морав да ја имам бидејќи беше премногу убава. Се вљубив во неа истиот миг кога ја запознав. Знаев дека кога-тогаш ќе биде моја. Никогаш не успеав да ја освојам, па ѝ ветив дека еден мој другар ќе ѝ направи пирсинг на носот кој многу го посакуваше. Се договоривме да се најдеме на 31 јули 2014 година. Заминавме во една напуштена куќа и имавме се*с. Но, наеднаш почна да се дере што сериозно ме изнервира, па ѝ удрив тупаница и ѝ ја пукнав вилицата. Продолжи да вика, па го земав ашовот и почнав да ја удирам. Не сакав да ја убијам, само сакав да ја замолчам“, раскажа тој во судницата.

За време на психијатриското вештачење е утврдено дека Костиќ е социопат со коефициент на интелигенција под 90, речиси на долната граница од просекот. Уште пред ова убиство ѝ бил познат на полицијата. Во јануари 1993 година, со уште едно лице ја убиле 64-годишната Јулијана Л. во нејзиниот стан, откако претходно ја врзале и брутално ја мачеле. Дури и уринирале по несреќната жена и на крај ја избоделе со нож. За ова злосторство правосилно бил осуден на седум години затвор. По излегувањето на слобода силувал уште една жена, па во 2001 година бил осуден на уште три и пол години затвор.

Она што дополнително ја вознемири јавноста е сведоштвото на заедничката другарка на Дарко и Ивана. Таа раскажа дека Ивана имала самоубиствени напади бидејќи мајка ѝ и сестра ѝ постојано ја малтретирале и имала проблеми во училиштето. Родителите на Ивана се сослушани на 31 октомври 2014 година и тогаш раскажаа дека децата во школо ѝ се исмејувале дека имала искинати патики и дека наводно ѝ зборувале дека им го расипува просекот во одделението. Медиумите тогаш пишуваа дека родителите наводно барале милион евра оштета од државата поради смртта на нивната ќерка.

Следни Објави

Таткото на Вања да се пушти од затвор! Адвокатот бара, причината е шокантна

Мерка куќен притвор бара одбраната за таткото на Вања. Адвокатот Владимир Туфегџиќ вели дека иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејството кое е погодено од големата трагедија. Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски се’ уште не е сослушан во обвинителството. Вели […]