fbpx

Родена е со друго име, биолошките родители никогаш не ги запознала: Македонската пејачка си ја отвори душата

Оливера Станковска е кантавторка од Гевгелија која настапи на првиот „Макфест“ во 1986 година со композицијата „Осамена“.

Станковска во златните времиња за македонската музичка сцена имаше неколку забележителни настапи на домашните фестивали, како изведувач, но и како автор. Во 1997 година издаде и албум за „Сенатор рекордс“.

Таа пред четири години, кога почина нејзината мајка, сподели долгочувана семејна тајна.

„Мајко, ти благодарам за сѐ. Што ја зеде за рака малата уплашена детска рака, од домот за деца без родители и ме донесе во Македонија, поточно во село Милетково. Ми даде сѐ. Ми ја купи првата гитара. Ме остави со доверба да одам по својот пат. Имаше само една желба. Да те гледам до крај. Ја исполнив. Прости ми што грешев. Јас друга мајка немам. Те имам тебе. Почивај во мир“, напиша тогаш Станковска во посветата.

За нејзината животна приказна сега искрено проговори и во интервју за весникот „Вечер“.

„Родена сум во Белград, на 1 април 1963 година, а потоа оставена во општина Врачар, во Домот за деца без родители. Подоцна бев посвоена од моите сега веќе починати родители, Петко и Ѓурѓа Станкови од Гевгелија, кои ме изгледаа и ми го покажаа вистинскиот пат во животот, на што сум им вечно благодарна. Јас сум всушност родена како Верица Недиќ. Но никогаш не сум ги запознала моите биолошки родители, ниту чувствував таква потреба. Сега е веќе доцна да ги барам, но се надевам, дека во текот на нивниот живот барем малку помислувале на мене. Мојата биолошка мајка можеби понекогаш шепотела молитва за едно мало дете кое го родила и го дала во Дом“, раскажува пејачката која најубавите детски денови, додека не наполнила осум години, ги поминала во село Милетково пред да се пресели во Гевгелија.

Следни Објави

Потресно! Ненадејно почина 17-годишната Марија, тоа што се случи е страшно

Спортската јавност е во шок по ненадејната смрт на 17-годишната гимнастичарка Марија Харанц Гомез. Починала во четвртокот во Универзитетската клиника во Гвадалахара како последица на менингитис. „Сакаме да ја изразиме својата најголема болка, со искрено сочувство на семејството и пријателите на Марија, посебно до нејзините родители, Ракел и Алфонсо, нејзиниот […]