fbpx

Македонија тагува по омилената професорка: Колегите се простуваат од нивната Жане

По долго и тешко боледување, на 67-годишна возраст почина проф. м-р Жана Димчевска.

Таа беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност.

Родена во Скопје. Средното музичко образование го завршува во Скопје, на инструментот виолончело кај светски реномираниот виолончелист и педагог Андре Навара од Франција.

Високото образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност во Скопје на наставно-теоретскиот насока, каде подоцна ги завршува и постдипломските студии. Од 1981 до 1997 година работела во МБУЦ “Илија Николовски-Луј” во Скопје како професор по предметите солфеж и теорија на музиката во основниот и средниот оддел.

Од 1988 година, односно од формирањето на Детскиот хор “Пиколо” при МБУЦ “Илија Николовски-Луј”, активно учествува во работата на истиот како втор диригент. Таа е еден од најистакнатите наставници и активен креатор на реформите во музичкото образование преку соработките со Заводот за унапредување на образованието и воспитанието на Р. Македонија.

Активно учествува во работата на Здружението на музичките педагози на Македонија. Континуирано учествувала во организирањето на републичките и сојузните натпревари на учениците и студентите по музика. Едновремено учествува во повеќе комисии во МБУЦ „Илија Николовски Луј“. Жана Димчевска се реализира и на полето на воннаставните активности, била долгогодишен активист на Музичката младина на Р. Македонија, одговорен професор на Младинската организација при МБУЦ и др.

Од 1997 до 2023 година, Жана Димчевска беше професионално ангажирана на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде особено посветено работи на унапредување на предметот солфеж. Таа перманентно учествува на Државните натпревари на ученици и студенти по музика, со свои студенти, и истовремено е ангажирана како член на жири комисија во студентските категории.

Од 2005-2009 година, проф. Жана Димчевска ја извршува функцијата продекан за настава на ФМУ.

Класот од МБУЦ Илија Николовски-Луј на класната Жана Димчевска оддаде почит со концерт во салата на Македонска Филхармонија неодамна.

Следни Објави

Трагедија! Марко загина во сообраќајна несреќа, имаше само 26 години

Унгарскиот фудбалер Марко Варга (26) загина во сообраќајна несреќа во Австрија, каде што настапувал за локалниот тим АСКО Донау Линц, јавуваат тамошните медиуми. Несреќата се случила синоќа, еден ден откако го одиграл последниот натпревар за својот клуб на кој се запишал и во листата на стрелци. Се’ се случило на […]