Веќе знаете колку може да биде незгодно и болно кога ќе си го гризнете јазикот.
Приказната, сепак, има и друга страна-старо верување зошто оваа појава не е добар знак..
Според првото верување, кога ќе го гризнете јазикот, тоа значи дека некој од вашата околина ве лаже за важни работи. Затоа треба добро да ги отворите очите и да внимавате кому ги доверувате вашите тајни.
Другото верување е дека кога човек ќе си го гризне јазикот премногу зборува, а некои работи од приватниот живот треба да си ги зачува за себе.
Нејсе, ова се секако само верувања, а вам ви останува да процените дали ќе ги прифатите или не.