На 29 години почина американската инфлуенсерка и режисерка Ева Еванс.
Веста за нејзината смрт ја потврди сестра ѝ Лила Џој на „Инстаграм“.
„Вчера моето семејство дозна дека починала нашата прекрасна, креативна, грижлива, урнебесна Ева, мојата прекрасна сестра. 24 часа подоцна сè уште сум во процес на негирање и прифаќање, па знам колку оваа вест ќе биде неверојатно и тешко да се прифатат“, напиша, меѓу другото, таа.
Ева Еванс беше ѕвезда на „Тик Ток“ каде имаше повеќе од 300.000 следбеници.
Позната е и по серијата Club Rat која ја напиша, режираше и глумеше во неа. Снимена е во пет епизоди и објавена на стриминг-платформата „Прајм видео“.