Македонија повторно побеле среде пролет. Во април не се случува толку често да паѓа снег, но кога го има постои силна симболика.
Според народното верување, ненадејната промена на времето е предупредување од природата за луѓето да внимаваат на нивното однесување, но и да ги решат дилемите кои долго време ги мачат.
Како што се верува, пролетта е олицетворение на ново будење на природата, повторно раѓање и постигнување хармонија, а доколку тоа не се случи, природата не’ предупредува да внимаваме на нашето однесување и да почнеме да живееме во хармонија со природата, едни со други и со самите себе..
Еве каква година, според народните верувања, не’ очекува врз основа на метеоролошките услови во април:
- Ако април е убав, мај ќе биде грд.
- Априлскиот дожд е благослов, во мај е уште подобар.
- Април со дожд, мај расцветан.
- Влажен април, сув јуни. Сув април, влажен јуни.
- Ведрите ноќи во април се лоши и за овошјето и за виното.
- По априлските грмотевици повеќе нема мраз.
- Колку е потивок и поубав април, толку е полут и побесен Мај.
Како што се верува, снегот во април нè потсетува да го решиме она што не сме го направиле претходните месеци, а што нè спречувало да продолжиме понатаму. Ако го направите ова, среќата и просперитетот ќе ве следат во месеците што доаѓаат.
Исто така, овој период е добар да започнете нешто ново, бидејќи тоа ќе роди со плод.