fbpx

Денеска е Младенци: Жени, ова мора да го направите!

Денес се празнува еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Се верува дека какво ќе биде времето на овој ден, такво ќе биде цела пролет. На овој ден кој секогаш паѓа за време на Велигденскиот пост, именден празнуваат Младен, Младенка..

Инаку, овој празник е ден на младите сопружници кои стапиле во брак годината пред Младенци, односно оние кои се венчале после 22 март претходната година.

Задолжителен обичај е младите кои се венчале годината пред Младенци, на овој ден да одат во црква и да ги запалат свеќите од венчавката за да се догорат. Вечерта на Младенци најчесто во домот на младите доаѓаат гости да им посакаат среќа во бракот и желби за новороденче. Во некои случаи на тој ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.

Во минатото овој празник во Македонија го празнувале не само македонското христијанско население туку и муслиманското кое го именувало како „Султан Нефруз“. Очигледно е дека во минатото во Македонија со празникот „Свети четириесет маченици“ биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

На овој ден, според обичаите, жените стануваат рано и месат колачиња за долг, среќен и сладок живот, а потоа им ги нудат на гостите. Празникот секогаш се паѓа во време на пост, така што и храната која се подготвува за тој ден мора да биде посна. Освен колачите, на Младенци се јаде мед, варена коприва и зелје за да се исчисти крвта.

Следни Објави

Шок! Кејт Мидлтон има рак, конечно се огласи преку видеопорака

Седејќи на клупа во градините на замокот Виндзор, Кејт Мидлтон се обраќа во снимена видеопорака која трае две минути и 16 секунди. Пораката е снимена во средата од британскиот национален сервис Би-Би-Си. На Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, ѝ бил дијагностициран рак и е на хемотерапија. Типот на рак не […]