fbpx

Десет минути ја делеле од смртта: Остана без двете нозе, сè почнало поради обичен тампон

Манекенката Лорен Васер (36) од Санта Моника, Калифорнија, ги изгубила двете нозе откако употребила тампон според упатствата на кутијата.

Во емотивно видео таа опиша како од млада и активна девојка станала смртно болна за само 24 часа, а добила шанса од еден процент да преживее, пишува британски „Сан“.

Во октомври 2012 година Лорен имала 24 години кога менувала тампони на секои четири часа додека добивала менструација.

Веднаш била пренесена во болница каде преживеала два срцеви удари, бубрезите и откажале и ткивото почнало да се распаѓа. Лекарите немале друг избор освен да ѝ ја ампутираат десната нога, но и неколку прсти на левата нога. Подоцна ѝ била отстранета и левата нога.

„Сè се случи толку брзо. Мојот живот целосно се промени во рок од 24 часа и немаше враќање назад”, изјави манекенката во подкастот „Лајф Анкат“.

Лорен развила синдром на токсичен шок (TSS), ретка, но опасна по живот состојба предизвикана од инфекција која може да се појави кога користите тампон или менструална чаша или поради заразена рана. Заболените имаат висока температура, болки во мускулите и осип налик на брусна хартија.

На тој кобен ден таа решила да излезе со другарките и покрај тоа што се чувствувала лошо. Веднаш забележале дека не ѝ е добро, па ја испратиле дома да се одмори. Поминале часови, а мајка ѝ бидејќи не одговарала на нејзините повици, испратила полиција да провери што ѝ се случува. Полицаецот видел дека Лорен е болна, но не помислил дека треба да оди во болница.

„Ми беше многу жешко. Во тоа време веќе имав температура од 41,5 °C и сакав да ја соблечам целата облека. Моето куче диво скокаше и лаеше по мене. Знаеше дека нешто не е во ред. Телото ми се гасеше“, се присетува таа.

Неколку часа подоцна, Лорен била пронајдена со лицето надолу на подот. Десет минути ја делеле од смртта. Брза помош ја однела во болница каде доживеала два срцеви удари, органите почнале да ѝ откажуваат и недела и пол била во индуцирана кома.

Персоналот во болницата и дал еден процент шанса за преживување и им рекле на родителите да се подготват за најлошото.

„Не можеа да разберат зошто умира млада, здрава 24-годишна девојка“, вели манекенката.

Лорен сега е позната како „девојката со златни нозе“ поради нејзините протези и користи влошки само кога има менструација. Таа се надева дека со споделување на нејзината приказна, повеќе луѓе ќе бидат свесни за опасностите од ТСС.

„Луѓето мислат дека се непобедливи, но никој не е недопирлив“, завршува таа.

Следни Објави

Последната југословенска претставничка на „Евровизија“ денеска е друга жена

Беше голема ѕвезда во поранешна Југославија. Имаше живот полн со пресврти. На 16 години остана без двајцата родители, а се омажи по само осум дена врска. Очекувано, бракот ѝ заврши по помалку од една година. Снежана Бериќ, попозната во јавноста како Екстра Нена, во 1992. ја претставуваше Југославија на „Евровизија“ и […]