fbpx

Татко на три деца почина од пијалок кој сите го пиеме: „Маж ми беше сив и модар, бев во шок, не знаев што се случува“

Касондра Рејнолдс од Калифорнија пред 12 години го изгубила сопругот со кого била во брак една деценија и со кого има три деца. Тој почина ненадејно од срцев удар на 41-годишна возраст.

Џон Рејнолдс работел ноќни смени и често пиел енергетски пијалоци за да остане буден и да може да се концентрира на работата. Се покажа дека тоа е причината за смртта.

„Тој ми беше сè, мојата сродна душа, а сега го нема“, вели Касондра присетувајќи се на тој кобен петти февруари 2011 година кога го слушнала нејзиниот сопруг како се бори за воздух додека спиел покрај неа во креветот.

Таа брзо го преместела на подот и почнала да му дава вештачко дишење, а три минути подоцна пристигнала брзата помош.

„Не можев да поверувам што се случува. Бев во паника и шок. Видов како неговото лице станува сино и сиво и само се молев да преживее”, раскажува таа.

„Беше здрав, вежбаше секој ден, еден месец претходно беше на рутинска контрола и се’ беше во ред. Кога стигнавме во болница, лекарите ми рекоа дека нивото на шеќер во крвта му е страшно високо и ми поставуваа прашања за неговите навики, дали имал некакви здравствени проблеми“, се присетува Касондра.

Неколку дена подоцна, лекарите објавиле дека мозокот му е „мртов“, а Касондра се соочила со страшна одлука – морала да одлучи дали да ги исклучат машините што го одржувале во живот.

„На крај, докторот ме праша дали Џон консумира енергетски пијалоци. Му одговорив потврдно, пиеше по еден дневно. Потоа ми објасни дека само еден енергетски пијалок е доволен за да се наруши срцевиот ритам”, се сеќава таа.

Касондра решила да го тргне Џон од машината и ги однела децата во болница за да се збогуваат со својот татко.

„Тој беше одличен татко и најдобар сопруг, да го гледам како умира беше најтешкото нешто што сум го доживеала во животот. Срцето ми се скрши. Тој беше љубовта на мојот живот и мојата сродна душа”, заклучува Касондра.

Неколку години по смртта на нејзиниот сопруг, таа прави се’ што може за да ја подигне свеста за последиците што може да ги имаат енергетските пијалоци – комбинацијата на шеќер и кофеин со адитиви понекогаш се премногу за срцето.

„Сакам луѓето да знаат колку се опасни овие пијалоци. Докторот ми рече дека луѓето кои ги пијат си играат руски рулет со својот живот и тоа навистина ме погоди“, тврди таа, додавајќи дека лекарите и рекле дека нејзиниот сопруг „имал многу силно срце како на 25-годишник“.

Следни Објави

Падна одлука! Парите ќе легнат до новогодишната ноќ, проверете дали ве има на листата

Финансиски триумф им предвидуваат астролозите на припадниците на овие хороскопски знаци Пари, влијание, моќ.. Ѕвездите им се предодредени на овие луѓе, во новата 2024 година ќе зачекорат побогати и далеку посамоуверени. Бик Вашиот внимателен и методичен пристап кон инвестициите ќе ви се исплати и може да најдете неочекувани можности за […]