fbpx

Одлучи да му роди деца откако починал: Лекарите се во шок, по три години сè се промени

Луси Келсол имала живот од бајките. Сопруг кој ја сака, добра работа, среден живот кој наликува на вистинска идила. За Дејвид се омажила во 2012 година и планот им бил некое време да уживаат во бракот пред да станат родители. Сепак, судбината одлучи да биде поинаку.

По само две години брак, двојката ја добила страшната вест. На Дејвид му бил дијагностициран секундарен тумор во грлото. Во текот на следните три години тој поминал дури 99 третмани со радиотерапија, ја отстранил „кутијата за говор“ и почнал да користи електронски уред за комуникација. Луси тогаш му ветила дека без разлика на се“ ќе имаат деца.

Кога дознале за болеста, Дејвид решил веднаш да замрзне сперма, пред третманот да го направи неплоден. Лекарите тогаш му рекле дека шансите за бременост се многу мали. Луси не се откажала и по два обида со ин-витро оплодување родила две здрави машки деца, Дејвид и Семјуел, пишува „Метро“.

„Тој би бил одличен татко. Пораѓањето беше многу емотивно и се’ уште не можам да го преболам фактот дека засекогаш ќе имам дел од Дејвид. Едното од момчињата има долги нозе, а другото зелени очи. Лекарите рекоа дека мојата матка не е „вистинската средина“ и дека вонтелесното оплодување нема да успее, но јас инсистирав. Кога открија дека се слушаат две отчукувања на срцето, лекарите останаа зачудени“, раскажува Луси.

Дејвид починал во 2017 година.

„Не можам да ја преболам загубата, но истовремено сум многу среќна и задоволна поради децата. Кога умре, мислев дека мојата шанса да станам баба исчезна засекогаш. Тој ќе беше толку среќен и бевме шокирани кога дознавме дека Луси е бремена со близнаци, бидејќи знаевме дека тоа е последната шанса. Се молевме да успее, тие се вистински подарок. Дејвид личи на татко му, а Семјуел на Луси“, раскажува мајката на Дејвид.

Луси додава дека не можела да го замисли остатокот од животот без тие да имаат заеднички деца.

„Сега можам повторно да ја видам иднината. Секој ден им раскажувам на момчињата за нивниот татко, ги посетуваме неговите омилени места. Тој го сакаше морето и пристаништето, па ја распославме неговата пепел таму“, завршува Луси.

Следни Објави

Чини само 10 денари, а прави чуда: Ги брише сите флеки, килимот ќе ви свети како нов

Оваа состојка е ефикасно средство за чистење, кое ги отстранува дури и најтврдокорните дамки на килимот За многу луѓе перењето килими е вистински кошмар, мислејќи дека тоа е единствената опција за отстранување на најтврдокорните дамки. Сепак, дали знаевте дека истиот ефект можете да го постигнете со прашок за пециво? Сè […]