fbpx

Последната југословенска претставничка на „Евровизија“ денеска е друга жена

Беше голема ѕвезда во поранешна Југославија. Имаше живот полн со пресврти.

На 16 години остана без двајцата родители, а се омажи по само осум дена врска. Очекувано, бракот ѝ заврши по помалку од една година.

Снежана Бериќ, попозната во јавноста како Екстра Нена, во 1992. ја претставуваше Југославија на „Евровизија“ и го освои 13-тото место во Малме.

Сними десетина албуми, а имаше забележителни настапи и на театарската сцена.

Денеска Снежана е професор на приватен универзитет каде што предава менаџмент.

Неодамна беше прашана какви емоции ѝ буди естрадната кариера која сега е веќе минато.

„Среќна сум што ова се случи во мојот живот. Пресреќна сум кога ми пристигнуваат спомени од драги колеги и композитори. Тоа е особено голем успех со оглед на тоа што тогаш имаше војна и кога нашата земја беше деградирана како земја во однос на сите други, но ние стоички ја претставивме“, изјави таа.

 

Следни Објави

Зоки Фаци почнува со хемотерапиите: Нови детали за неговото здравје

Естрадниот новинар Зоран Василевски кој од неодамна повторно се бори со канцер во неговото последно обраќање на социјалните мрежи откри нови моменти од неговата здравствена состојба. Најави дека вечерва на поткаст ќе им објасни на фановите што точно се случувало последните три недели во Истанбул каде што престојуваше. Тој се пофали дека […]