fbpx

Нѐ претставуваше на Евровизија, сега е социјален случај: Животната драма на Даниел

Сите се сеќаваме на шармантниот Даниел Поповиќ кој во 1983 година ја претставуваше Југославија на „Евровизија“ и го освои високото четврто место.

Рефренот „Џули“ стана мегахит, нему му предвидуваа блескава кариера, но наместо славен и богат, заврши како социјален случај.

За неговите финансиски проблеми јавноста дозна откако се разведе од Сандра Петрж во 2005 година, една од неговите три поранешни сопруги, со која го има и синот Доминик. Таа подоцна го обвини дека ја злоставувал.

„Четиринаесет години бевме заедно, од кои пет во брак кој во неколку наврати силно посакав да заврши. Додека бев бремена ме криеше од обожавателките. Двапати ме натера да абортирам, третиот пат не го послушав. Неговото семејство моето дете сѐ уште го нарекува копиле“, напиша Сандра во својата автобиографска книга.

Овие наводи се покажаа како точни, па пејачот дури доби и условна казна, прво на шест , па на десет месеци.

Во текот на 2010 година учествуваше во реалното шоу „Фарма“ во Хрватска, а за време на престојот во куќата се појавија информации во медиумите дека ја изневерил сопругата Александра пред да влезе на имотот.

Три години подоцна, конечно им призна на фановите дека бил неверен и дека сега плаќа за своите гревови со тоа што живее од социјална помош во Љубљана.

„Кој има пари, тој и владее. Се’ се врти околу парите. Денес не можеш да добиеш љубов со трепкање на очињата. Многу ми е тешко. Се најдов во безизлезна ситуација. Не можам да одам никаде бидејќи немам со што. Не можам да си го видам детето за кое плаќам алиментација. Родителите ми починаа, не можам да им го видам гробот. За се’ треба финансии“, се исповеда Поповиќ во едно интервју во кое се пожали и дека повеќе од една деценија не добил ниту денар од авторски права.

Следни Објави

Д-р Каменов: Не ги земајте овие два лека на своја рака, последиците се фатални

Имунологот проф. д-р Борислав Каменов неодамна даде свое видување за лековите кои најмногу се бараат во аптеките, иако истите не би требало да се пијат Во овој период од годината сите сме преокупирани со медикаменти за зајакнување на имунитетот. Витамини пијат и оние што имаат и оние што немаат Ковид […]