fbpx

Почина легендарната пејачка на 56 години: Пред 18 месеци ѝ се самоуби синот, менталното здравје ѝ беше нарушено

На 56-годишна возраст почина Шинејд О’Конор, потврди нејзиниот менаџмент.

Ирската пејачка стана светска ѕвезда откако во 1990 година го објави синглот Nothing Compares 2 U потпишан од легендарниот Принс.

Кантавторката неодамна го загуби 17-годишниот син Шејн кој се самоуби. Таа има уште три деца, синот Џејк Рејнолдс и ќерките Роисин и Јешу.

„Мојот убав син, светлината на мојот живот, реши да стави крај на својата земна борба и сега е со Бога. Нека почива во мир и никој да не го следи неговиот пример. Драг мој. Те сакам многу“, напиша тогаш Шинејд на социјални мрежи.

Во 2018 година О’Конор објави дека преминала на ислам и дека нејзиното ново име е Шухада. Во објава на Твитер, таа тогаш им се заблагодари на сите муслимани на поддршката.

„Со голема гордост можам да објавам дека сум станала муслиманка. Мојата одлука е природен заклучок на патувањето на еден интелигентен верник. Отсега имам и ново име, ќе биде Шухада“, напиша, објавувајќи видео во коешто пее езан, односно муслимански повик за молитва.

О‘Конор, која и официјално го промени името во Магда Девит, и во минатото јавно зборуваше за религија. Таа предизвика големи контроверзи кога во 1992 година на американска телевизија искина фотографија од папата, а седум години подоцна стана свештеничка на одметнатата црква во Лурд, церемонија која не беше призната од католичката црква, бидејќи не прима жени во своите редови.

Пејачката долго време имаше проблеми со менталното здравје. Во едно интервју призна дека во детството мајка ѝ секојдневно физички и психички ја малтретирала.

Во кариерата објави десетина албуми, но никогаш не го повтори успехот на нумерата со која се прослави.

Следни Објави

Почина Марија, младата македонска докторка која нѐ обедини сите

Од рак на дојка почина македонската докторка Марија Бунда Калпак. Оваа млада сопруга и мајка, инаку дерматолог по професија, уживаше голема популарност и поддршка од јавноста откако одлучи да ги сподели најважните работи што ги научила од оваа битка. -После прекинот на доењето со моето второ дете ми се појави „грутка“ […]