fbpx

Одамна не се заедно, но му остана рана на душата: Една работа не може да ѝ ја прости

Докажаниот македонски музичар Горан Алачки со години е во хармонична врска со познатата ТВ-водителка Марина Дојчиновска.

Му требаше долго време да проговори за новата љубов, откако по цели 25 години брак се разведе од популарната пејачка и водителка Адријана Алачки со која има две деца.

Горан, пред неколку години преку отворено писмо ѝ упати директна порака на својата поранешна сопруга и изненади многумина.

– Презимето Алачки не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конектирано со мојата бивша сопруга која го користи мојот бренд за медиумска популарност, моето презиме. Нејзиното презиме е Атанасовска. Инаку, таа никогаш не била Алачки, туку Алачка во сите документи и во пасош.. Ви благодарам! – напиша во писмото Горан кое го пренесе и порталот „Свет Австралија“.

Горан Алачки јавно ја прозва својата поранешна сопруга и подоцна кога почина неговата мајка. Откако Андријана со потресни зборови на социјалните мрежи се прости од нејзината поранешна свекрва, тој побара од медиумите да не прават циркус од семејната загуба, истовремено обвинувајќи ја популарната пејачка и авторка на телевизискиот проект „Вкусот на традицијата“ дека е крајно дволична.

„Почитувани медиуми.. Ве молам.. Од загубата на мојата мајка Натка Алачка не правете циркусијада од изјави на мои бивши членови на фамилијата Алачки кои лажно го носат тоа презиме и го користат во комерцијални цели и прават театар од тоа.. Оставете ја мојата мајка да почива во мир и спокој.. Мојата мајка последните години од животот, беше длабоко разочарана од таа личност која сега пишува поезија за неа“, напиша тогаш маестро Алачки.

Следни Објави

Цела естрада во солзи: Ненадејно почина, се огласија од „Гранд“

На 50-годишна возраст ненадејно почина Пеѓа Петровиќ. Хармоникашот починал синоќа како последица на срцев удар, дознава „Гранд онлајн“. Познатиот музичар претходно не се жалел на здравствени проблеми, па неговата смрт во шок и со неверување ја дочекаа неговите колеги и пријатели. По веста за неговата смрт, тие со трогателни посвети […]