fbpx

„Утрово добивме тажна вест“: Колегите се простуваат, беше еден од најистакнатите луѓе во македонскиот фудбал

Maкедонскиот прволигаш Воска Спорт на „Фејсбук“ објави тажна вест.

Почина Енвер Сулејмани, човекот кој работеше како генерален директор на клубот од Охрид и имаше долгорочни планови со Воска.

Во својата кариера Сулејмани работеше во Шкендија, Ренова и Фудбалската Федерација на Македонија каде што беше заменик генерален секретар.

Колегите не открија детали за смртта, но велат дека била шок за семејството и најблиските.

„Утрово добивме тажна вест, го загубивме нашиот член Енвер Сулејмани кој од октомври беше генерален директор. Оваа вест не само што го шокираше неговото семејство, не’ шокираше и нас како клуб бидејќи со Енвер Сулејмани имавме долгорочни планови“, пишува во објавата.

Следни Објави

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Само ОВА ќе ви донесе СРЕЌА и МИР во 2024!

Која е најважната лекција што сте ја научиле во 2023 година? Веројатно биле повеќе, но ќе се согласите дека секој од нас се освести и научи колку е важно да се цени сегашниот момент. Секој миг е драгоцен и затоа треба добро да се искористи и да се фокусираме на […]