fbpx

Прва исповед за разводот: Со Тони веќе три години не делиме ист покрив

Денеска како бомба одекна веста дека Драгана Мирковиќ се разведува по 24 години брак.

Пејачката ја потврди оваа вест.

„Како некој кој целиот свој живот го заснова на чесност, чувствувам морална обврска денеска да ѝ се обратам на јавноста. Со голема тага морам да ве информирам дека поднесов барање за развод“, ја почнува својата исповед Мирковиќ.

Признава дека нејзиниот однос со Тони веќе подолг период бил нарушен.

„Последните три години практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така сум воспитана, направив се’ за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, таа празнина стана поголема и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира“, раскажува пејачката.

Драгана нагласува дека секогаш ќе остане доследна на своите животни принципи.

„Останувам доследна на моите принципи, на мојот начин на живот, исто како што останувам верна на моето семејство и на мојата публика. И секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кого поминав многу убави години“, вели таа.

Следни Објави

„Драгана Мирковиќ тајно се омажи за мене“: Зоран го прекина молкот, ова се деталите

Драгана Мирковиќ вчера со официјално соопштение до медиумите призна дека се разведува по 24 години брак. Една од најпознатите пејачки на овие простори на јавноста ѝ откри дека нејзиниот однос со сопругот Тони Бијелиќ веќе подолг период бил нарушен. „Последните три години практично водиме одвоени животи и не живееме под […]